Свлечиште ја отсече Длабочица од соседните села

27.01.2015 15:33 | KumanovoNews

Обилните дождови предизвикаа свлечиште со должина од 30 метри во селото Длабочица, во општината Старо Нагоричане.

Свлечиште ја отсече Длабочица од соседните села

Свлечиштето е во близина на училиштето, па жителите се отсечени од соседните села.

“Училиштето е празно, таму нема ученици бидејќи се останати претежно стари луѓе. Во селото живеат пет - шест семејства кои поради свлечиштето не можат да отидат до Арбанашко, Жегљане, да се спуштат до регионалниот пат во Старо Нагоричане. Нивниот пат е земјен, макадамски пат со тампон. Иако се работи за мал број на жители, свлечиштето треба да се санира и од наша страна општината е информирана за состојбата “ - вели Горан Стојановски од РЦУК.

Од општина Старо Нагоричане велат дека машина денеска работи на терен за санирање на свлечиштето. Отсечени се неколку домаќинства и викендички.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk