СВР: Ги отфрламе обвинувањата за селективна контрола

24.03.2015 15:26 | KumanovoNews

Од Кумановската полиција ги отфрлаат обвинувањата за селективна контрола, и објавија дека во денешната акција биле опфатени 42 автобуси кои превезуваат ученици и 30 такси возила.

СВР: Ги отфрламе обвинувањата за селективна контрола

Ги отфрлам обвинувањата за селективна контрола, оваа акција е предвидена во годишниот план за работа на МВР, со цел за поголема безбедност во сообраќајот.Од извршената контрола од страна на стручни лица од Станица за вршење на преглед на техничка исправност на возила, констатирано е дека 16 автобуси и 6 такси возила се технички неисправни, а од страна на полициските службеници е констатирано дека на лице место во 3 автобуси имало повеќе патници, ученици од бројот на вградени седишта во автобусот и определени места за стоење - изјави Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.

При денешната контрола се констатирани и 16 останати прекршоци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk