СВР: Граѓаните да ги проверат документите на шалтер, пред сликање за лична карта

18.02.2010 13:05 | KumanovoNews

 СВР Куманово ги известува граѓаните на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, кои добиле термини за фотографирање за лични карти, предходно да извршат проверка на потребните документи во Одделението за управни работи.

СВР: Граѓаните да ги проверат документите на шалтер, пред сликање за лична карта

 Проверката на државјанството и адресата на живеење треба да се изврши најмалку еден ден пред фотографирањето на шалтер број 5, во периодот од 8.30 до 16.30 часот. Доколку со барањето се поднесуваат некакви промени, проверката се врши во канцеларијата број 1 каде се приложуваат документи за бараната промена. Правилата во процедурата за добивање на лична карта важи за сите граѓани кои терминот го закажеле лично или по телефон во периодот од 17.02.2010 до 30.03 2011 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk