Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во саботата полициските службеници од Кумановската полиција со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи, извршиле контрола во кафе бар, Спортска обложувалница и автомат клуб во Куманово.
При тоа во кафе барот било затекнато лице државјанин на САД кој што немало регулиран престој во Република Македонија. Истиот е приведен во СВР Куманово и за понатамошна постапка предаден на дежурен инспектор по странци. Легитимирани се вкупно 11 лица и од страна на инспекциските служби не се констатирани недостатоци, информираат од МВР.
Во спортската обложувалница на едно лице изречена му е глоба за прекршок по основа на Закон за лични карти.
Едно лице добило глоба за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 еур на правно лице по Закон за заштита од пушење.
Од УЈП по извршена контрола составен е Записник и се констатирани прекршоци казниви по член 157 став 1 точка 10 , 13 и 15 од закон за игри на среќа и при тоа е издадена глоба во висина од 15,000 еур (3 х 5,000 еур) како и глоба во висина од 30% на Одговорно лице во правно лице ; констатирано е дека двата компјутери кои што се користат во обложувалницата немаат лиценциран софтвер на „Windows“ при што истите се одзмени и против правното лице и управителот на правното лицеТ.К. (46 години) од Кочани поднесена е кривична пријава за сторено КД „Повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ .
Од извршена контрола во автомат клуб на 4 лица изрекнати им се глоби за прекршок по основ на Закон за лични карти; на 4 лица изрекнати им се глоби за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 еур на правно лице од Закон за заштита од пушење; од страна УЈП по извршена контрола не се констатирани недостатоци, а констатирано дека од 3 компјутери кои што се користат во автомат клубот 1 има а за 2 компјутера во моментот неможе да се утврди дали поседуваат лиценциран софтвер на „Windows“ за што со писмено известување ќе биде известено ОЈО Куманово,- стои во соопштението на СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk