СВР Куманово бара волонтери

17.06.2013 14:17 | KumanovoNews

 Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за 20 волонтери во МВР.

СВР Куманово бара волонтери

На јавниот повик се повикуваат студенти во завршна година на студирање од областа на правните и економските студии.

Двајца од волонтерите ќе бидат распоредени во СВР- Куманово.

Документите за волонтирање треба да се достават во писарницата на СВР Куманово лично или по пошта.

МВР ги повикува сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи: потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира, мотивационо писмо, кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење).

Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период заклучно до 15.09.2013 година, без можност за продолжување на волонтирањето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk