Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово денеска со низа манифестации го одбележа 7 Мај - Денот на полицијата.
Ученици од повеќе основни училишта од градот ги посетија просториите на СВР Куманово со цел да се запознаат со работата на службите.
Денеска во утринските часови од страна на припадниците на СВР Куманово положено е цвеќе на вечното почивалиште на припадниците на МВР, кои животот го загубија вршејќи ја својата работа во областа на безбедноста. Станицата ја посетија дечиња на кои ќе им бидат врачени скромни подароци, како капчиња и маички. Во попладневните часови ќе биде организиран прием на колегите, ќе бидат поканети пензионерите и нив ќе им бидат врачени свечени подароци - изјави Валентина Николовска, началник на аналитика и портпарол на СВР Куманово.
На прославата за празникот отсуствуваше домаќинот, началникот Моме Јакимовски, а меѓу оние кои дојдоа да ги испочитуваат полицајците беше и градоначалникот Зоран Дамјановски, како и бројни делегации од политичкиот и општествениот живот од градот.
Претходните денови беше организиран шаховски турнир во чест на Денот на полицијата на кој победи екипата на СВР Куманово, втора беше екипата од Здружение на пензионери и трето место земаа Здружение на армиски и полициски ветерани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk