СВР: Моторџиите обавезно да носат кациги

20.06.2014 14:36 | KumanovoNews

 Во рамки на Недела на безбедност на моторциклисти во сообраќајот, денеска во СВР Куманово, отсекот за превенција и мото клуб “Мечки“ организираа предавање за моторциклистите.

СВР: Моторџиите обавезно да носат кациги

 Апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат моторциклистите бидејќи тие се специфични возила и бараат соодветни услови за движење во сообраќајот - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција.

Шеснаесет возачи на моторцикли кои биле затекнати од полицијата дека не носат кациги, денеска присуствуваа на предавањето. Тие беа запознаени со повредите со кои можат да се здобијат доколку направат сообраќајна несреќа, а не носат кацига. За неносење кацига следува казна од 35 евра.

  - Може да се здобиете со повреди на главата, екстремитети и други тешки телесни повреди. 90 отсто од несреќите се случуваат во урбани средини, а 10 отсто на отворен пат - рекоа од “Мечки“.

Во недела напладне во центарот на градот ќе има ревијално возење на моторцикли со заштитна опрема на кое можат да се вклучат и граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk