СВР со детали за опожарување на возилото: Пироманот пукал кон полицајците

20.01.2020 10:52 | KumanovoNews

Непознато лице ноќеска  пукало кон полицијата откако било видено дека запалило полициско возило, паркирано пред Управдната служба, поранешен Дом на АРМ.

СВР со детали за опожарување на возилото: Пироманот пукал кон полицајците

Како што соопштуваат од СВР Куманово, нападот се случил ноќеска во 21:00 часот, кога полициски службеници при СВР Куманово на ул.„Трета македонска бригада“ во Куманово, забележале едно лице кoe предизвикало пожар на моторно возило „шевролет спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешен Дом на АРМ.

Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на ул.„Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени.

Опожареното возило „шевролет спарк“ е изгаснато по интервенција од страна на ТППЕ Куманово.

Во координација со Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk