Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пресрет на Новогодишните празници, од отсекот за превенција при СВР Куманово апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди, а трговците од нивна продажба.
Родителите треба да внимаваат на малолетниците да не употребуваат петарди, не само заради високите казни, туку и за да не се самоповредат или повредат некој друг.
„До основните и средни училишта доставено е известување од СВР Куманово, да се прочита на класен час и да се разговара за опасностите и штетните последици по животот и здравјето на децата или некој друг во близина при употреба на пиротехнички средства петарди. На сопственици на новогодишни тезги, улични продавачи, како и дуќани во близина на училиштата им е укажано за почитување на Законите за неовластен промет и употреба на петарди со укажување на казнените одредби и последиците“ - рече Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Богдановска апелира граѓаните за Нова година да не употребуваат огнено оружје, петарди, експлозив и други запаливи материјали бидејќи во спротивно ќе платат казна од 200 до 500 евра.
На родителот или старателот чие дете ќе го прекрши законот ќе следи казна од 600 до 800 евра. За неовластено држење, продавање, набавка и размена на оружје, експлозив е предвидена казна од една до десет години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk