Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните за дочекот на Новата година да се воздржат од прекумерно конзумирање на алкохол, и да не возат во алкохолизирана состојба, апелираат од отсекот за превенција при СВР Куманово.
Доколку пијат алкохол да користат јавен превоз, за да не ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите.
“Празници се, секој сака да прослави и често посегнува по чашка алкохол. Тоа го одвлекува вниманието и пречи при управувањето на патничките моторни возила. Кога конзумираме алкохол да не управуваме возила или кога возиме да се воздржиме од употреба на алкохол, или ако веќе се користи да се оди со јавен превоз, такси превоз или некој друг да го направи тоа наместо нас. Посебно апел до малолетните лица, дел од нив законски можат да имаат возачки дозволи или родителите да им дозволат да возат. Доколку немаат возачка да не седнуваат зад волан, ако се возачи почетници да ги почитуват законските одредби со 23 часот да имаат со нив поискусен возач“ - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
За управување на возило без возачка дозвола следува казна од 400 евра, за нерегистрирано возило е 500 евра и за возење во алкохолизирана состојба од 300 евра па нагоре.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk