Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светската здравствена организација денеска прогласи гобална криза, односно пандемија, поради ширењето на новиот вирус КОВИД-19 или попознат како коронавирус.
Вирусот се прошири во 114 држави, а во моментот најкритична е состојбата во Италија и Кина.
Директорот на СЗО Теодос Адханом Гербрејесус, вели дека е длабоко загрижен од алармантното ширење на коронавирусот.
- Пандемија не е збор што треба да се користи лесно и невнимателно. Ако погрешно се користи, тој збор може да предизвика неразумен страв и некои би можеле неоправдано да помислат дека битката е загубена,- додава Гебрејесус.
Прогласувањто на пандемијата настанува откако вирусот ќе се прошири низ целиот свет.
Меѓутоа, земјите можат да влијаат на текот на пандемијата, доколку навреме ги откријат, тестираат, лекуваат, изолираат и следат своите луѓе.
Последната пандемија беше во 2009 година поради свинскиот грип, а во 1981 година поради ХИВ/СИДА. Панде,ии имало и во: 1347 година поради бубонската чума, 1870 година поради големите сипаници, 1918 година поради шпанската грозница.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk