Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
070 143 144, е бројот кој го одреди T-homе за донации на малиот Александар Додевски(7), кој боледува од цироза на црниот дроб.
Сите хумани граѓани со вртење на овој број донираат по 100 денари.
Мајката Јасмина Додевска ќе достави барање за добивање број за донации и кај другите оператори.
На Александар му е потребна итна трансплантација на црн дроб во болница во Турција за што се потребни над 100 000 евра. Дел од сретствата ќе ги покрие Фондот за здравство, а останаите треба да ги обезбеди самохраната мајка која е невработена. таа има уште две деца, а мартина го има истиот проблем како и брат и, но болеста не е во толку напредна фаза.
За операцијата на Александар, Даниел Кајмаковски ја донираше наградата од 25.000 евра од музичкото шоу Твоето лице звучи познато. Парите уште не се упалтени на сметката на семјството.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk