“Т - Мобиле“ донираше 5.000 евра за “Порака наша“

10.06.2014 12:56 | KumanovoNews

Телекомуникациската компанија “Т - Мобиле“ денеска донираше 5.000 евра за Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“.

“Т - Мобиле“ донираше 5.000 евра за “Порака наша“

  - Како компанија оваа година ја посветивме на помош на овие лица. Куманово е еден од трите градови во кои што ќе помогнеме на овие организации за престој на лица со интелектуална попреченост. И во иднина се надеваме дека ќе бидеме драги гости во оваа просторија и дека сретствата ќе бидат искористени на најдобар начин - кажа Димитар Ковачевски, директор за комуникации во “Т-Мобиле“.

Од “Порака наша“ велат дека оваа помош е од витално значење за нивните корисници.

  - Ние сме во таков кризен период што ова ни е од животно значење. Сакам да се заблагодарам, бидејќи дадоа поддршка на една маргинализирана група на граѓани. Со тоа  овозможуваат овие луѓе да живеат достојно - рече Благица Димитровска, претседател на  „Порака наша“.

Димитровска апелира и другите компании доколку се во можност да донираат и да им го олеснат функционирањето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk