Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со средства од јапонската влада преку проект на УНДП асфалтиран е пат во селото Табановце во должина од 1.4 километри.
Реконструкцијата е дел од програмата за справување со последиците од бегалската криза, а чини 150.000 евра.
„Жителите на Табановце беа многу широкогради во справувањето и помагањето на оваа бегалска криза и многу ни е драго што со помошта од јапонската влада ние сме во можност да им се одложиме и да им се заблагодариме,- изјави постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон.
Претседателот на месната заедница Тони Петровиќ истакна дека овој пат многу значи за нивното село.
„ Ќе се врати животот, младите ќе останат и нема да се иселуваат бидејќи се создаваат подобри услови за живеење, имаме асфалтен пат и вода. Се надеваме дека нашата соработка со УНДП и локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму, - изјави Петровиќ.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, се заблагодари до меѓународните институции за подршката на Општина Куманово, како и на раководителот на транзитниот центар Табановце, Горан Стојковски, кој даде голем придонес во справување со бегалската криза.
На свеченоста присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, вршителот на должност на Амбасадата на Јапонија, Тојоказу Кубота и претставници на Центарот за управување со кризи.
Табановце е едно од најголемите кумановски села со околу 300 жители.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk