Табановце најдобра царинска испостава во државата

29.07.2016 09:36 | KumanovoNews

Царинската испостава Табановце-автопат, отсек за патнички промет е избрана за најдобра испостава во државата.

Табановце најдобра царинска испостава во државата

Изборот на најуспешна гранична испостава е извршен врз основа критериумите: број на обработени царински декларации, откриени прекршочни и кривични дела, откриени случаи на нелегално пренесување на опојни дроги и психотропни супстанци, прекурзори, опасни материи, девизи и пари. Раководитела на царинската испостава Табановце е нашиот сограѓанин Бобан Николовски.

Второрангирана гранична испостава е Богородица – отсек за патнички промет, додека на трето место е  царинска испостава Дојран.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk