Табановце најдобра царинска испостава во последните 6 месеци

27.01.2016 14:10 | KumanovoNews

Царинската испостава Табановце-автопат, отсек за патнички промет е прогласена за најдобра гранична царинска испостава за втората половина од 2015 година.

Табановце најдобра царинска испостава во последните 6 месеци

Изборот на најуспешна гранична испостава е извршен врз основа на критериумите: број на обработени царински декларации, откриени прекршочни и кривични дела, откриени случаи на нелегално пренесување на опојни дроги и психотропни супстанци, прекурзори, опасни материи, девизи и пари.

Второ рангирана е гранична испостава Богородица – отсек за патнички промет, додека на трето место е  царинска испоставата Аеродром Скопје.

Врз основа на Законот за Царинска управа и Упатството за мерење на успешноста на стоковите и граничните царински испостави, директорот на Царинската управа секои шест месеци донесува одлука за избор на најдобри цариници и најдобра гранична и внатрешна царинска испостава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk