Таксистите и возачите во јавниот превоз да носат заштитна опрема, граѓаните да не собираат пред маркетите и на бензинските пумпи

20.03.2020 13:30 | KumanovoNews

 Денеска, во Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, во врска со превземање на активности за превенција од ширење на вирусот COVID-19, каде беше донесена одлука градскиот превоз да се редуцира, а при вршење на дејноста да се носи заштитна опрема.

Таксистите и возачите во јавниот превоз да носат заштитна опрема, граѓаните да не собираат пред маркетите и на бензинските пумпи

Од Општина Куманово посочуваат дека Општинскиот штаб постојано ја следи состојбата и последователно на тоа излегува со реакција.

- Се порепорачува на вршителите на јавен градски превоз да ги редуцираат своите возни линии, на начин на кој ќе може непречено да функционираат и да ги извршуваат своите работни обврски во сменско работење, сите корисници на јавниот градски превоз. Се препорачува на сите вршители на јавниот превоз на територија на Општина Куманово, вклучувајќи ги и такси превозниците, при вршење на својата дејност да носат заштитна опрема,-се вели во соопштението.

Имено, повторно се апелира до граѓаните да не се собираат во група од пет лица пред маркети, на бензински станици, пред продавници за производство на храна и сл. на цела територија на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk