“Талија“ откорна дрвја и поплави подруми

15.09.2014 07:20 | KumanovoNews

Невремето проследено со врнежи и ветер што викендов го зафати Куманово, откорна повеќе дрвја во градот и поплави подруми во повеќе стамбени згради.

“Талија“ откорна дрвја и поплави подруми

 Најмногу дрвја паднаа на булеварот Октомвриска револуција, при што оштетија автомобили и скинаа кабли на електричната и интернет мрежа.

При тоа наврнаа вкупно 43 литри дожд на метар квадратен.

“Во саботата наврнаа 39, а во недела уште 4 литри дожд на метар квадратен. Овие облачни ќелии се проследени и со ветер. Циколонот се повлекува и до среда ќе има локални врнежи, но нема да бидат интензивни“ - вели Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.

Циклонот предизвика големи штети во другите балкански земји.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk