Тамара Tодевска ѕвезда на годинешниов Тамбурашки фестивал во Куманово

15.08.2023 09:15 | Оливера Пешевска

Тамара Тодевска, Трио Гранде и Бијелопољски тамбураши ќе настапат на Меѓународниот тамбурашки фестивал, кој ќе се одржи на 25 август на Градскиот плоштад во Куманово.

Тамара Tодевска ѕвезда на годинешниов Тамбурашки фестивал во Куманово

Оваа година фестивалот ќе се одржи само една вечер, за разлика од минатите години кога траеше три вечери.
  
Манифестацијата започнува во 20.30 часот, а  околу 22 часот ќе започне концертот на Тамара Тодевска. 

Ова е 19 издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал. Организатор е Фондацијата за култура и спорт под покровителство на Општина Куманово.

За одржување на фестивалот издвоени се 300 илјади денари од локалниот буџет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk