Тамбурашкиот фестивал доби 120.000 денари од Министерството за култура

15.03.2019 11:11 | KumanovoNews

Тамбурашкиот фестивал доби 120.000 денари од Министерството за култура, од побараните 700 илјади денари, откако беа поништени првичните резултати од објавениот конкурс за Годишната програма за национален интерес во културата.

Тамбурашкиот фестивал доби 120.000 денари од Министерството за култура

„Правдата е донекаде задоволена. Сега добивме 120.000 денари, а лани 150.000 денари. Очекувавме повеќе средства бидејќи годинава славиме 15 годишен јубилеј, а фестивалот се наметна како квалитетна и признаена културана манифестација во државата. Меѓутоа сега ќе се организираме со средствата што ги имаме, - изјави директорот на Фондацијата за спорт и култура, Нино Величковски.

Фестивалот ќе добие и 600.000 денари од буџетот на Општина Куманово, преку програмата за култура и спорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk