Танчерки и пејачки работеле без дозвола во Липковско

08.11.2018 14:10 | KumanovoNews

Девет танчерки и пејачки од кои шест странски државјанки, по три од Албанија и Косово, откри   Кумановската полиција, нспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, при контрола на угостителски објект во село Слупчане, општина Липково.

Танчерки и пејачки работеле без дозвола во Липковско

Контролата била спроведена завчера во периодот од 23.55 до 01.30 часот. Танчерките и пејачките не биле пријавени и не поседувале дозволи за работа.

 Тие се предадени на инспектор за странци и реадмисија за понатамошна постапка.

 Државниот пазарен инспекторат констатирал дека угостителскиот објект врши дејност без да биде регистриран во соодветен регистар и на сопственикот му била изречена глоба и мерка забрана за вршење на дејност од еден  месец.

 Инспекторите од ЈП констатирале прекршок по Закон за регистрирање на готовински плаќања за што му била изречена глоба во висина од 500 евра и мерка затворање на објектот во траење од еден месец.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk