Тасевска најави поголема социјална грижа за старите лица

29.11.2016 14:19 | KumanovoNews

Кандидати за пратеници во втората изборна единица на листата на СДСМ, Лидија Тасевска и Мартин Захариев, денеска ги посетија старите лица во домот „Зафир Сајто“ и презентираа дел од мерките во нивната програма што се однесуваат за повозрасните граѓани.

Тасевска најави поголема социјална грижа за старите лица

Нашиот план предвидува усогласување на пензиите два пати годишно, односно на секои шест месеци, во зависност од промената на цените и животните трошоци на граѓаните. Ова усогласување ќе биде законски и редовно, без да се фалиме дека сме направиле нешто посебно што не им припаѓа на пензионерите. Предвидуваме социјалните станови да прераснат во колективни стамбени заедници каде што ќе бидат сместени сите ризични категории на граѓани кои имаат потреба од тоа, – рече Тасевска.

Како што потенцираше Тасевска, држава ќе им помогне на сите стари лица чии семејства нема да можат да одвојат финансиски средства за сместување во старски дом.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk