Татко и син пронајдени застрелани во Слупчане

22.04.2019 08:54 | KumanovoNews

 Безживотните тела на татко и син од село Опае, полицијата синоќа пронашла во автомобил, во липковското село Слупчане.

Татко и син пронајдени застрелани во Слупчане

 Според полицијата, синоќа во 22.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар с.Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле патничко возило „oпел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од с.Опае. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk