Татко малтретирал деца

20.02.2013 15:13 | KumanovoNews

 Татко физички ги малтретирал своите мали деца.

Татко малтретирал деца

Д.Ф.(37) од Куманово, во неколку наврати без повод и причина ги тепал двете беспомошни деца, кои имале две и четири години. Тој бесмилосно ги удирал со шлаканици и тупаници по главата и лицето, а едното го изгребал по лицето со виљушка.

Насилникот ќе одговара за кривично дело “телесна повреда при семејно насилство“. Истиот сторител и претходно бил гонет за вршење семејно насилство врз своите деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk