Татко пукал во прозорец на синот

30.10.2014 16:00 | KumanovoNews

Кумановец пукал со пиштол во прозорец на соба во која се наоѓал неговиот син, но не го повредил.

Татко пукал во прозорец на синот

Инцидентот се случил синоќа околу 20.30 часот, кога З.А.(50) во дворот на семејна куќа во Куманово, пукал со пиштол кон прозорецот на собата во која седел син му Д.А.(25). Тој испукал два куршуми, но не го погодил момчето. За пукањето била известена полицијата, која извршила увид и на лице место се пронајдени две чаури и еден проектил.

Таткото е приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk