Театар Куманово ги одложува претставите од вечер па сè до наредната недела

28.02.2020 16:09 | KumanovoNews

 Се одложува претставата "Чекајќи го министерот", која вечерва требаше да се игра во Театар Куманово, заради донесената одлука на Владата да се откажат масовните јавни собири до 6 март, како превенција од корона вирус.

Театар Куманово ги одложува претставите од вечер па сè до наредната недела

Сашо Тодоровски директорот на Центарот за култура вели дека ќе се откажат сите претстави до 6 март, а кумановската јавност дополнително ќе биде известена кога ќе се одржат претставите.

-Театар Кумнаово ги одложува закажаните претстави во период до 6 март. За продолжување со редовниот репертоар во театарот јавноста дополнително ќе биде информирана,-посочува директорот на Центарот за култура.

По вчерашниот состанок со епидемиолозите  дале препорака за ограничување на масовните јавни собири, и согласно со Законот за спречување на заразни болести, врз основа на Комисијата за заразни болести, го поднел предлогот до Влада и го доставил до Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи.

Исто така од Владата бараат сите спортски настани од утре, па до 6 март да се играат без публика, а истото се однесува и на поголемите културно-уметнички манифестации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk