Театар Куманово со бесплатни детски претстави на интернет

16.03.2020 15:59 | KumanovoNews

Театар Куманово, од денеска, па во наредните пет дена, дел од своите детски престави ќе ги постави бесплатно на својот јутуб канал, со цел да им го пополни времето на децата кои не се на  училиште, додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирус.

Театар Куманово со бесплатни детски претстави на интернет

Емитувањето ќе започне денес во 17 часот со претставата ,,Волшебникот од Оз“ на (https://youtu.be/7nixc4yRxPk), а во наредниот период ќе биде поставена и претставата „Ревизор“.

Директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, Сашо Тодоровски, вели дека целта на поставувањето на онлајн претстави е поддршката на воспитно-образовниот процес на децата, во денови кога не се на настава во нивните училишта.

- Сакаме да објавиме претстави коишто се играни во Театар Куманово, засега ќе биде поставена претставата „Болшебникот од Оз“, а планираме да ја поставиме и претставата „Ревизор“, секако доколку има интерес ќе размислиме и за други претстави. Публиката ќе може да ги гледа онлајн претставите, така што ќе влезе на нашиот фејсбук профил и во настаните ќе види кои претстави ќе бидат поставени,-додава Тодоровски.

Преставата „Волшебникот од Оз“, е работена според романот на Франк Лајман Баум, а е во режија на Бојана Краљевска.

Актерска екипа е составена од: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Мартин Лазаревски, Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk