Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре вечер гостува Драмско-куклениот тетар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, со претставата „Еден човек и една жена“.
Се работи за дуо драма по текст на рускиот драмски и книжевен писател Валентин Красногоров,а во режија на Анастас Попдимитров.
,,Еден маж и една жена“ е комедија за двајца луѓе кои ја бараат среќата и смислата на животот преку нивните заеднички задоволства. Два карактери кои постојано се во потрага по нови возбудливи нешта.
Актери во претставата се: Мариета Калапова и Георги Ангелов, сценографијата и костимите на Марија Диманова.
За време на гостувањето во Куманово, директорот, Сашо Тодоровски заедно со директорот на театарот од Плевен, Димитар Кабаков ќе потпишат меморандум за соработка помеѓу двете институции - Театар Куманово и Театар Плевен.
„Приоритет ќе имаат заедничките соработки, проекти, гостувања и можност за размена на актери кои би гостувале во заеднички претстави. Предвидено е и возвратно гостување на Театар Куманово во Плевен кон крајот на оваа или почетокот на идната година“, вели Тодоровски.
Претставата почнува во 20:00 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани со подигнување на билет на билетара во Центар за култура Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk