Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот театар вчера доби нова тонска опрема од Министерството за култура.
Опремата се состои од миксета, засилувач, звучници, микрофони и држачи за микрофони.
Оваа опрема е добредојдена и ќе ни помогне поквалитетно да ги изведуваме и реализираме претставите. Добивме од Министерството светлосна опрема претходно, се санираа санитарни јазли и се надеваме дека така ќе продолжиме, за да го направиме театарот поубаво место за публиката - рече Симона Тоскиќ, продуцент и драматург во театарот.
На почетокот на оваа 2015 година, театарот доби светлосна опрема од Министерството за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk