Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорите на Центарот за култура Куманово, Сашо Тодоровски и на Драмскиот-куклен театар од Плевен, Бугарија Димитар Кабаков, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Соработката започнува гостувањето на актерската екипа од Бугарија со претставата „Еден маж и една жена“ во Центарот за култура.
„Се надеваме дека во периодот кој следува ќе има плодна соработка со овој театар и сигурни сме дека ќе имаме успешна реализација на заеднички претстави во кои би играле актери од двата театри и би оствариле многу гостувања помогнати од двете држави“, изјави Тодоровски.
Плевенскиот тетар оваа година полни 105 години од своето основање во 1918 година. Ова не е нивно прво претставување и настап во Република Македонија, од деведесетите години наваму настапувале во Битола, потоа во Скопје, Куманово, Струмица и Охрид.
Со потпишување на договорот за соработка се потврдува релацијата меѓу македонските и бугарските уметници.
„Тоа е најкраткиот пат, тука на Балканот кон создавање на нормални зближување на двата народа. Сето останато да го оставиме на политичарите. Нашата работа е да се вмрежуваме, да работиме и да ја радуваме публиката, како тука така и во Бугарија. Од тоа поубаво и поважно нема“, истакна директорот Кабаков.
Од минатата година актерите се во меѓусебен контакт, а сега ја остварила и првата средба.
„Ви благодарам многу за пречекот кој е многу топол и љубезен, и ќе ја возвратием гостомпримливоста кога и вие ќе не посетите нас во Бугарија“, изјави актерот Ангелов.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk