Техничкото училиште домаќин на државен натпревар по математика

06.05.2011 13:30 | KumanovoNews

 Во техничкото училиште „Наце Буѓони„ денеска и утре се одржува триесетиот Државен натпревар по математика на учениците од електро, машинските и сообраќајни училишта во државата.

Техничкото училиште домаќин на државен натпревар по математика

Во натпреварувањето ќе учествуваат 180 ученика и околу 150 нивни ментори од 23 училишта. На присутните им се обрати директорката Лидија Михајловска, која на гостите им посака добредојде, пријатно да се чувствуваат во нивното училиште, и да победат најдобрите и науката.

Натпреварот за отворен го прогласи градоначалникот Зоран Дамјановски кој го истакна своето задоволство што токму Куманово е домаќин на една вакво престижно натпреварување, и нагласи дека Општината секогаш ќе помага во реализирање на образовните проекти.

Презентација на својот робот изврши Александар Димитриевски, ученик од техничкото училиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk