Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Државен натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка, кој се одржа по 35-ти пат во Струмица, учениците од техничкото училиште “Наце Буѓони“, освоија три први места, две втори и едно трето место.
Никола Милановски и Ангела Анчевска освоија први места за изработени трудови од машинска струка, а Ангел Јовановски - I место во теоретско знаење од електротехнчка струка. Александар Стоилковски и Зоран Пешевски се втори во теоретско знаење од машинска струка, додека Мердина Нухија е трета во теоретско знаење од машинска струка. Со пофалници се здобија Филип Петровски и Дарко Антонијевски за изработен труд од електротехничка струка, додека Марија Спасовска доби пофалница за теоретско знаење од електротехничка струка.
„Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде нашите ученици ќе го споредат своето знаење со нивните врсници од други училишта.Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење, каде што застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата.Нашите професори ќе продолжат напорно да работат со учениците бидејќи ни предстојат уште поголеми предизвици во иднината“, -вели професорот Златко Гиновски.
На натпреварот учествувале 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Во комисиите членувале стручни лица и универзитетски професори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk