Телеком со попусти за кумановци

11.08.2015 13:36 | KumanovoNews

Mакедонски Телеком утре во 10 часот, ќе ја пушти во употреба реновираната продавница во Куманово.

Телеком со попусти за кумановци

Со реновирањето, во целост е сменет изгледот на Телеком продавницата која отсега ќе има сосем нов современ дизајн и овозможува мултимедијално искуство за корисниците.

Ова е петта реновирана продавница по ред, која Македонски Телеком ја пушта во употреба ова лето. По повод отворањето на реновираната продавница во Куманово, компанијата подготви изненадувања за корисниците. Првите 100 посетители ќе добијат подароци, но дополнително Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со која што секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk