Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Не е познат идентитетот на човекот кој попладнево е пронајден мртов во водите на реката Пчиња во кумановското село Студена Бара.
Од Основното јавно обвинителство за Кумановоњус изјавија дека телото е извадено од реката и предадено на обдукција, по што ќе се знае причината и времето на смртта.
Безживотно тело на маж денеска попладне е пронајден од жители на селото Студена Бара. Во 15 часот пријавиле во Кумановската полиција, а на лице место увид извршиле екипи од Обвинителството и Полицијата.
Се работи на расчистување на случајот и идентификација на починатиот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk