Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Силниот ветер во петокот откачи тенда од некогашниот ресторан “Ловец“ во центарот на градот.
Веќе четврти ден тендата виси над главите на минувачите и претставува потенцијална опасност да повреди некого. Особено е опасна кога се доаѓа од улицата „11 Октомври„, бидејќи тендата е зад аголот на објектот и ја воочувате дури кога ќе дојдете до неа. Мало невнимание може да ве чини удар во главата.
“Таа тенда може да одземе нечиј живот. Ризично е така да стои и не е во ред што никој не ја прибира. Или треба да се отстрани или да се поправи“ - рече Томе Илиевски, граѓанин.
Од секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, велат дека се обидуваат да стапат во контакт со стечајниот управник на “Бисерка“ и да му наложат да ја тргне тендата.
“Исконтактиравме со поранешни вработени во АД “Бисерка“. Кажано ни е дека има стечаен управник и правиме напори да стапиме во контакт. Се работи за тенда и тоа е нивна надлежност, треба сами да си ја отстранат“ - кажа Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор.
Доколку од “Бисерка“ не преземат мерки, тендата ќе мора да ја отстранат од општината Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk