Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тенка снежна покривка од 1,5 цм ноќеска се создаде во Куманово по врнежите од снег, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Бидејќи се работи за минимални врнежи од снег, посериозни проблеми нема.
“Снежната обвивка во Куманово е многу мала, а во Лазарополе имаме вкупно 40 цм снег, Крива Паланка 6 цм, Битола 22 цм, Прилеп 8 цм, Маврово 69 цм, Крушево 26 и Тетово 12 цм снег. Во текот на денот можно е да има слабо провејување, а дневната температура во Куманово ќе биде околу 2 Целзиусови степени“ - вели Ленче Ризова, дежурен синоптичар во УХМР.
Во Македонија денеска температурите ќе се движат од -4 до 4 степени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk