Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нов претседател на општинскиот одбот на младите на ЛИДЕМ Куманово е Теодора Димитриевска, студентка на Правниот факултет во Скопје.
На синоќешното изборно собрание, Димитриевска ја доби поддршката од младите да ги предводи во наредните 4 години.
- Го прифатив овој предизвик, бидејќи сметам дека дека ние како младина мораме активно да бидеме вклучени во политичките процеси во државата и да покажеме одговорност и разум. Сите знаеме дека постојат најразлични предизвици со кои младите се соочуваат, но сите заедно поставуваме едното исто прашање, како да ги надминеме истите? Она за што сите заедно се собравме вчера, е првиот чекор во остварувањето на нашата цел, да се слушне гласот на младиот човек. Треба уште посилно да се обединиме и да им покажеме и на другите млади во државата, но и во Куманово, дека сме тука, отворени за сите во процесите на донесување одлуки, - изјави Димитриевска.
Досегашен претседател на ЛИДЕМ беше Денис Каревски. На наредната седница општинскиот одбот на младите ќе го комплетира раководството со избор на секретар и членови на извршниот одбор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk