Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тепачка меѓу играчи и тренери се случи завчера на натпреварот меѓу кошаркарските клубови “Работнички“ и “Куманово“ во Скопје.
Како што соопштуваат од МВР нередите се случиле во второто полувреме на натпреварот, кој се играл во салата на “Работнички“ во градски парк.
Прво Д.Д.(26) од Скопје, навивач на “Сити Парк Бојс“ недозволено влегол на теренот по што бил отстранет и приведен во Полициска станица Центар. Тој ќе биде казнет за недолично однесување на спортски терени. Кон крајот на натпреварот играчите и тренерите се степале поради што натпреварот бил прекинат 45 минути.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и преземање на соодветни мерки против инволвираните во тепачката кои го нарушиле јавниот ред и мир.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk