Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца жители на Куманово вчера се степале со неколку лица од Скопје во скопската населба Влае.
Тепачката се случила вчера во 23.55 часот на бул.„Партизански oдреди“, во близина на мост „Влајко“, откако прво дошло до вербална расправија која подоцна прераснала во физичка пресметка, помеѓу С.М.(26), Д.П.(25) и Б.А.(31), сите од Куманово, од една страна и Л.Н.(26) од Скопје и уште неколку лица, од друга страна. Во пресметката биле користени и тврди предмети.
По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk