Тепачка пред кафе-бар во Куманово

11.01.2020 14:52 | KumanovoNews

Ноќеска во еден часот по полноќ,  Д.Н. пријавил дека пред кафе бар во Куманово физички било нападнато едно лице.

Тепачка пред кафе-бар во Куманово

По пријавеното нарушување на јавниот ред и мир, полицијата излегла на лице место каде бил затекнат В.С (29) од с. Лопате, кој изјавил дека бил физички нападнат од Б.Ф (32) од Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk