Тепачка пред угостителски објект во Куманово - нападнат и полицаец

21.06.2021 14:43 | KumanovoNews

Четири лица се приведени во Кумановската полиција, откако во тепачка го нарушиле јавниот ред и мир.

Тепачка пред угостителски објект во Куманово - нападнат и полицаец

„Ноќеска околу 04.30 часот, на паркинг пред угостителски објект во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени две лица на 25 и 21 година од Скопје, две лица на 22 и 23 години од Куманово. Откако Б.К. физички го нападнал 21 годишникот од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства“, соопштува МВР.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk