Тешка сообраќајка на Страцин

10.02.2011 13:49 | KumanovoNews

 На магистралниот пат Куманово -Крива Паланка пред Страцин, денеска околу 13 часот се случила страотна сообраќајна несреќа во која две лица изгореле во автомобил кој се судрил со камион.

Тешка сообраќајка на Страцин

 Во директниот судир на патнички автомобил марка „Опел корса“ со кумановски таблички со камион Сканија со бугарски таблички, патничкиот автомобил се запалил.

Пожарот го гаснеле противпожарни возила, а на лице место биле и екипи на Брза помош.

На лице место се полициски екипи, који подоцна ќе излезат со официјални информации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk