Тешка сообраќајна несреќа на патот Ранковце - Крива Паланка, сообраќајот во прекин

30.05.2023 17:17 | Жаклина Цветковска

Повеќе од 2,5 часа е во прекин сообраќајот на магистралниот пат Ранковце - Крива Паланка, поради тешка сообраќајна незгода. 

Тешка сообраќајна несреќа на патот Ранковце - Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од  АМСМ соопштуваат дека oд 14:45 часот во целосен прекин е патниот правец Ранковце - Крива Паланка и обратно, поради  сообраќајна незгода. 

Очевидци кажуваат дека дошло до судир на камион - шлепер со автомобил. Повредени се три лица, кои се пренесени во Кумановската болница, а повеќе од 2 часа се чека на терен да излезе увидна екипа од МВР.

Тоа создало километарски колони на возила во двете насоки кон и од Крива Паланка кон Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk