Тешко повреден кумановец откако излетал со возило од патот

23.08.2023 13:12 | Жаклина Цветковска

Дваесет и тригодишен кумановец се здобил со тешки повреди во сообраќајна незгода што се случила на локалниот пат Куманово-с.Романовце, во село Романовце, вчера во 16 часот.

Тешко повреден кумановец откако излетал со возило од патот

СВР Куманово информира дека  патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ш.(23) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.

 По несреќата, возачот бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk