Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 13 часот на крстосницата од улица „Никшиќка“ и улица „Титова Митровачка“ во Куманово.
Сообраќајката се случила помеѓу товарно возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(47) од Прилеп и мопед „Баотиан“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(34) од Куманово.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на лекување.
Увид на местото извршила екипа од СВР-Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk