Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сообраќајна несреќа на локалниот пат во с.Клечовце општина Старо Нагоричане, викендов тешко е повреден возач на четирицикл.
Несреќата се случила завчера околу 20.00 часот кога С.Г.(44) од с.Клечовце, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Тој бил пренесен во болницата во Куманово и по укажаната помош бил препратен во Комплексот клники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Несреќата била пријавена во СВР Куманово, по бил извршен увид на местото на настанот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk