Тешко повреден возач, со автомобил излетал од патот

08.01.2020 10:13 | KumanovoNews

Кумановец е повреден во сообраќајна незгода на стариот пат Куманово- Скопје.

Тешко повреден возач, со автомобил излетал од патот

Несреќата се случила вчера во 16.10 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, на влез во с.Умин Дол, кога патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(61) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Со повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk