Тестирани уште 22 лица со поширока индикација за коронавирус, сите негативни

19.03.2020 11:05 | KumanovoNews

Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.

Тестирани уште 22 лица со поширока индикација за коронавирус, сите негативни

Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.

Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.

Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немало патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.

Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk