Тестот за коронавирус на премиерот Спасовски е негативен

23.04.2020 18:57 | KumanovoNews

Претседателот на Владата Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.

Тестот за коронавирус на премиерот Спасовски е негативен

Согласно препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски останува и понатаму во изолација во домашни услови и најдисциплинирано ќе се придржува до препораките и советите на лекарите.

И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања.

Во својот апел претседателот на Владата порачува дека секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала и се заблагодари за поддршката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk