Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќето административни работници во Куманово се изјасниле дека сакаат да се формира стручен тим за заштита од мобинг во општината, кој ќе ги опслужува сите граѓани.
Од вкупно анкетирани 122 службеници, 78 го подржуваат стручниот тим, кој треба да се формира наскоро. Во негов состав ќе има правници кои ќе нудат советодавна помош за жртвите на мобинг.
- Во општина Куманово ќе почне да работи стручен тим кој бесплатно ќе дава совети на граѓаните за работнички права и заштита од мобинг. Сите вработени и невработени, сите граѓани на општина Куманово, може да одат во општината каде што тој стручен тим од 11 луѓе ќе може да им даде информации доколку не знаат каде да се упатат, да им кажат кој е механизмот за заштита од мобинг - рече Даниела Панова, ментор од Македонско женско лоби.
Тања Томиќ, стратешка менторка на проектот на присутните им порача дека по одредено време треба да се види дали свесноста за постоењето на мобингот е на повисоко ниво.
- И јас која што ги имам прочитано законите не можам да кажам дека 100 отсто знам што е мобинг, психолошки, физички и сексуални притисоци кои ги прават. Наместо резултатите да се видат во септември, може да бидат во декември. Ако ставите кратки рокови може да ги пробиете, затоа подобро е целите да бидат помалку, ама јасно исцртани - вели Томиќ.
Со одлука на општински совет ќе се допрецизира функционирањето на стручниот тим за мобинг. Денешната работилница ја организираше Македонско женско лоби и комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените при општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk